Шпански „Марк“ ја објави листата на најплатените фудбалери во светот, убедливо на прво место е Нејмар со заработка од речиси 50 милиони евра по сезона, а зад него е Лионел Меси со нешто повеќе од 40 милиони.
Трет е Герет Бејл, кој не игра за Реал за 34 милиони, како и Еден Азар на шестото место за четири милиони помалку од петтопласираниот Антоан Гризман.
Роналдо е само четврти по заработка (31.560.000), Мбапе е седми (26.400.000), а Кевин Де Брујн е осми (24.720.000).
Топ 10 ја заклучуваат Карим Бензема (24.000.000) и најплатениот голман Давид Де Хеа (23.300.000).