Со својата разновидна култура, величествените архитектури и некогашните седишта на моќ, Азија отсекогаш привлекувала туристи.
Во продолжение пет храмови во Азија кои вредат да се посетат:
- Боробудур, Индонезија
Изграден е во Средна Јава, во далечниот 9-ти век, a овој извонреден комплекс набрзо потоа бил напуштен и останал неколку векови скроз празен.
Тој бил повторно откриен дури во 19 век.

- Ват Ронг Кун, Тајланд
„Белиот храм“ во Муанг Чијанг Рај е нов, но за разлика од другиве – приватен дворец, дизајниран од тајландски визуелен уметник.

- Храмот Ранганатасвами, јужна Индија
Овој хиндуистички храм со прекрасни весели бои веројатно е најголемиот на планетава.

- Паро Такстанг, Бутан
Ова свето место се смета за едно од најголемите архитекторнски скапоцености во Азија, а единствениот начин на кој може да се стигне до него е пеш или пак со јавање на коњ.

- Пагодата Швемадау во Баго, Мјанмар
Структура која во минатото, односно од 10. век била неколку пати уништена и обновена, а денешната кула е висока 114 метри, и е една од највисоките пагоди во земјата.
