Овие напитоци не треба да ги консумирате на празен стомак

Кафето, соковите од цитрус или друго свежо овошје, газирани пијалоци, како и лутите зачини не треба да се внесуваат на празен стомак.

Ова го советува нутриционистката Ана Белоусова, членка на Националната асоцијација на нутриционисти на Русија.

„Исто така, треба да се откажете од лути зачини и сосови на празен стомак, бидејќи нивниот внос може да доведе до гастритис или чиреви. Може да појадувате сендвич наутро, важно е да го започнете денот со нешто хранливо во стомакот“, советува Белоусова.

Според неа, кофеинот го потиснува апетитот, па затоа кафето најдобро се консумира некое време после појадокот.

Газираните пијалаци, а посебно слатките, се многу штетни на празен стомак, смета таа.

„Честото пиење безалкохолни напивки на празен стомак, исто така, доведува до болести на системот за варење – како што се чиревите и гастритисот. Свежите сокови и соковите од цитрус мора да се комбинираат со појадок, инаку и тие предизвикуваат дигестивни нарушувања“, порачува таа.