Македонија

Овие скопски општини денеска без струја и вода!

Овие скопски општини денеска без струја и вода!

Поради плански технички зафати на ЕВН Македонија и интервенции на ЈП Водовод и канализација, во текот на денешниот и утрешниот ден делови од неколку скопски општини ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.

РАСПОРЕД ЗА ПРЕКИНИ НА СТРУЈА

Општина Петровец Од 08:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе биде дел од селото Ќојлија.

Општина Студеничани Од 08:30 до 09:30 часот прекин ќе има во селата Драчевица и Цветово.

Општина Сопиште Од 08:55 до 09:55 часот без струја ќе останат жителите на Горно Соње, Долно Соње, Чифлик и Света Петка.

Општина Ѓорче Петров Од 09:00 до 14:00 часот без енергија ќе биде дел од улицата Веле Марков.

Општина Кисела Вода Од 12:30 до 14:30 часот прекин ќе има на делови од улиците Димо Хаџидимов и Христо Татарчев.

РАСПОРЕД ЗА ПРЕКИНИ НА ВОДА

Општина Карпош Од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, поради дефект на улицата Нобелова, без вода ќе бидат корисниците на улиците Нобелова и Виенска, како и делови од улиците Хелсинки и Лондонска.

Општина Кисела Вода Од 10:00 часот до завршување на работата, поради изведување нов приклучок на улицата Жил Верн 10, прекин ќе има на улиците Жил Верн и Есенинова.

Двете јавни претпријатија апелираат на разбирање од страна на граѓаните и најавуваат дека активностите ќе бидат завршени во текот на денот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни