Овие три знаци се премногу љубоморни: Кога се вљубени, сакаат на нездрав начин

Наспроти сите лажни луѓе и особини во денешницава, да знаеш вистински да сакаш е одлика само на големите, но и во тоа е потребна умереност.

Овие три знаци се познати по тоа што кога се вљубени имаат тенденција да го „гушат“ партнерот со своето однесување.

Бик

Бикот буквално може да се каже дека сака опсесивно. Тешко го придобивате неговото внимание, за откако ќе се вљуби да покаже сосем поинаква страна од себе. Болната љубомора и претераното испрашување на партнерот се карактеристични за заљубениот Бик, па доколку имате партнер во овој знак, расчистете ги работите со него уште во почетокот на врската.

Близнаци

Ова е знак кој не ги крие своите слабости и ги става картите на маса уште во почетокот на врската. Но, нивната суета се испречува на патот и тие со секоја постапка постојано ќе ви наговестуваат дека сакаат да им биде кажувано и покажувано дека се единствени и дека од нив подобри нема. Најчесто нивниот партнер ја прекинува врската поради тоа што се уморува од нивната егоцентричност.

Јарец

Моќен знак кој смета дека светот се врти околу нив. Не сакаат да делат, па нивната љубомора во суштина потекнува од нивната себичност. Не го поднесуваат добро фактот дека некој ги оставил, па честопати се обидуваат да го задржат саканиот само за да си докажат дека можат, а не од вистинските причини. Врската со нив знае да биде исцпувачка.