Овој филм за Украина секој треба да го види, Нетфликс го обезбеди бесплатно за гледање

Нетфликс го објави својот документарен филм Winter on Fire: Ukraine’s Fight for Freedom на YouTube во знак на поддршка на украинскиот народ, така што секој може да го гледа бесплатно.

Winter on Fire дебитираше на Нетфликс во 2015 година и беше високо пофален од критичарите. Тој беше номиниран за Оскар и Еми, а ја освои и наградата за најдобар документарен филм на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.

Овој увид во украинската политика и подготвеноста на народот да се бори за своите верувања е повторно актуелен по руската инвазија на таа земја. Статистиката на YouTube покажува дека 98-минутниот документарец имал повеќе од 250.000 прегледи за помалку од 24 часа откако Нетфликс го објавил таму.

Документарецот трае 98 минути, а го режираше Евгениј Афинеевски. Во соработка со Нетфликс, филмот го продуцираа Украина, САД и Обединетото Кралство.

Документарецот ја прикажува полициската бруталност и кршењето на човековите права низ кои поминал народот на Украина во 2014 година, па дури и филмската екипа имала потешкотии да снима во тие околности.

 

Филмот покажува како во 93 дена граѓанскиот бунт познат како Мајдан револуција се претвори во серија на насилство и уништување. Протестот беше насочен против владата на претседателот Виктор Јанукович, кој одби да потпише договор за политичко здружување и слободна трговија со Европската унија. Наместо тоа, тој се поврза со Русија и Евроазиската економска унија, и покрај проевропската ориентација на украинската влада. Судирот меѓу Беркут (специјална полиција) и демонстрантите резултираше со неколку смртни случаи.

Нетфликс, исто така, одлучи да не го почитува рускиот закон, кој бара да емитува 20 медиумски канали финансирани од државата поради загриженоста дека неговата платформа ќе се користи за ширење дезинформации.