Овоштарите, поточно прозиводителите на јаболка од Преспа денеска имаа протест, и го блокираа патот Битола – Ресен околу триесетина минути. Тие бараат средба со премиерот Заев за да се врати интервентната мерка од три денари. Околу 50 тони јаболка седат во магацините во Ресен.