Паднаа Фејсбук, Месенџер, Инстаграм и Ватсап

Паднаа популарните мрежи Фејсбук, Ватсап и Инстаграм и во моментов не се достапни.

Пад се забележи и кај Facebook Messenger.

Ова се услуги под покровителство на Фејсбук, кои, според првите информации, паднаа низ целиот свет.

Проблемите со пристапот започнаа малку по 17 часот, но околу 17:40 часот услугите на Фејсбук целосно беа оневозможени.

Засега не е познато на што се должи недостапноста.

Голем број извештаи за недостапност на Фејсбук, исто така, може да се видат на downdetector.com и други слични страници.