Македонија

Паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, бандери: Вчерашното невреме во Неготино направило хаос!

Паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, бандери: Вчерашното невреме во Неготино направило хаос!

Центарот за управување со кризи информира дека вчера на територија на Општина Неготино имало силно невреме проследено со силен ветер и поројни врнежи од дожд, а направени се и штети како паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци, и слично.

За санирање на штети на терен биле ангажирани 13 пожарникари со 3 ПП возила од ТППЕ Неготино и 6 пожарникари со 2ПП возило и 2 пумпи за испумпување на вода од ТППЕ Кавадарци.

Активностите на екипите се завршени до 23.00 часот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни