Падот на популарните мрежи Фејсбук, Месанџер, Ватсап и Инстаграм трае веќе два часа.
Тие во моментов се уште не се достапни.
Се работи за мрежи кои се под покровителство на Фејсбук, а кои, според првите информации, паднаа низ целиот свет.
Проблемите со пристапот започнаа некоја минута по 17 часот, но околу 17:40 часот услугите на Фејсбук целосно беа оневозможени.
Во меѓувреме се огласија и од Фејсбук, од каде велат дека се работи на проблемот.
„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на тоа за да се вратат работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“, истакнаа од Фејсбук.
