Македонија

Палмер: Со одбивањето на Северна Македонија, ЕУ праќа лоша порака до Србија и Косово

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД, Метју Палмер изјави дека со одбивањето да ги отвори преговорите за пристапување со Северна Македонија и Албанија, Европската Унија испратила лоша порака до Србија и Косово дека договорот не мора да значи европски пат.

Палмер за Гласот на Америка рече дека целите на САД и ЕУ кога станува збор за решавање на косовското прашања се исти, но дека одделни членки на ЕУ испраќаат различни пораки.

-Ние сме тука го поддржуваме процесот и ги охрабруваме страните да постигнат договор. Сепак, сакаме тие да бидат свесни за тоа што им се нуди, зошто е важно за нив да постигнат договор за нормализација. Ова е искрено една од причините што одлуката на Европскиот совет да не ги отвори преговорите за пристапување со Албанија и Северна Македонија е толку обесхрабрувачка. Затоа што испраќа погрешна порака и до Белград и во Приштина, а тоа е дека можете да направите тешки работи, да донесувате тешки одлуки, да постигнете компромис, но сепак и понатаму може да ви биде одбиен патот напред кон Европа, рече Палмер.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни