Стручните лица предвидуваат дека за само 10 години ќе бидат целосно изфрлени од употреба паметните телефони.
Тие најверојатно ќе бидат заменети со други технологии.
Имено, мобилните уреди денеска се потребени само за потврда на корисникот и пренос на податоци, додека пак лицето може да се идентификува на разни начини како препознавање лице, глас или отпечатоци од прсти, а информациите може да се проектираат и на ѕид или стакло со помош на ИОТ-сензори.
Па така телефонот станува застарена потреба која за околу 10 години ќе исчезне и ќе биде заменет со нас, луѓето.
Американските научници, инаку, создадоа и уред којшто може да генерира енергија од човечки прсти. Се работи за тенка лента како напрсток. Најголемата количина електрична енергија притоа се генерира кога рацете се потат и при допир со други површини (пиезоелектричен ефект).
