Најмалку едно лице загина, а едно е рането кога неидентификуван напаѓач денеска отвори оган врз група студенти во студентски дом на Универзитетот во Панама, изјави ректорот на универзитетот Едуардо Флорес.
Според АП, тој на платформата Х рече дека студентите вршеле теренска работа во Регионалниот центар за земјоделски науки на Универзитетот во Верагуас, околу 250 километри југозападно од главниот град, кога се случило пукањето.
Тој не прецизираше што се случило со напаѓачот, дали убиениот е напаѓачот или студент, како и кога станува збор за ранетиот.