AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

ПАНОВСКИ СО АПЕЛ Не ги малтретирајте прележаните да се вакцинираат, дајте им рок од 12 месеци

Микробиологот Никола Пановски попладнево преку својот профил на фејсбук упати, како што истакна, последен апел до здравствените власти.

„Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат, дајте им сертификат. До сега за 18 месеци од почетокот на пандемијата починале 5 лица претходно прележани, а за 6 месеци од вакциналната кампања кај нас починале скоро 200 комплетно вакцинирани. Министре Филипче и премиеру Заев, уште ли верувате дека вакцината штити подобро од природното прележување? Извинете се и сменете ги „врвните експерти“ кои ве убедија во таа глупост. Користете ги вакцините разумно за здравје, за имунитет, не ги потценувајте вакцините, тие не заслужуваат да се вбризгаат со исклучива цел за добивање аусвајс“, напиша Пановски.

Во прилог е мојата колумна на платформата „Okruzenje“, три минути читање за маките на нашите граѓани кои се со најсолиден имунитет против ковид, пишува Пановски на Фејсбук.