Македонија

Пановски: Ублажувањето на мерките ќе доведе до зголемување на нови случаи на заболени од вирусот

Ублажувањето на мерките ќе предизвика зголемување на нови случаи на коронавирус, вели за „Телма“ микробиологот Никола Пановски.

Според него, доколку реагираат со дополнителни мерки, тие ќе доцнат. Пановски очекува да имаме по 1.000 случаи дневно и се надева дека бројката нема да ја надмине.

„Кај нас, кафулињата и баровите во вториот и третиот бран беа места каде луѓето природно се имунизираа. Сепак, многу од природно имунизираните не се меѓу нас или имаат сериозни последици. Според мене треба да се преземат мерки за да се спречи ширењето. Треба да се вратиме на кампањата и за вакцина и за заштита. Луѓето заборавија да носат маски и навистина ова со ресторани и свадби во затворени простории“, рече Пановски.

Владата на вчерашната седница ги изгласа новите мерки. Дозволено е организирање настани во затворен простор до 50 проценти, додека од 15 ноември за влез во просториите ќе бидат потребни две дози вакцини или потврда дека сте го поминале Ковид-19 во последните 45 дена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни