Breaking Најмалку 39 загинати во судирот на возови во Шпанија, два вагона паднале во насип
Свет

Папата Франциск во Канада: Ме боли тоа што католиците поддржувале угнетувачка политика

Папата Франциск во Канада: Ме боли тоа што католиците поддржувале угнетувачка политика

Папата Франциск на последниот ден од неговата посета на Канада им рече домородните лидери дека го боли тоа што католиците поддржувале угнетувачка и неправедна политика против нив.

Тој денеска се сретна со делегација на староседелци во резиденцијата на надбискупот во Квебек, пред да се упати на арктичката територија Нунавут, која Канада ја создаде во 1999 година за Инуитите.

– Дојдов како брат за да ги откријам од прва рака добрите и лошите плодови што членовите на локалното католичко семејство ги носеле низ годините, рече папата Франциск.

Тој истакна дека дошол во духот на покајанието, да ја изрази својата искрена болка за неправдата што им ја нанеле голем број католици кои поддржувале угнетувачка и неправедна политика кон нив.

Домородните деца биле изгладнувани и физички малтретирани во католичките училишта во Канада, бидејќи го зборувале својот мајчин јазик, а многу од нив биле сексуално злоупотребувани во системот што канадската комисија за вистина и помирување го нарече „културен геноцид”.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни