Папата ќе се врати во Ватикан утре по пет недели во болница каде што се лекуваше од двојна пневмонија. Овој период ја одбележа најсериозната здравствена криза во неговото 12-годишно папство.
Лекарите инсистираат дека ќе му треба и најмалку два месеци одмор.
88-годишниот папа се наоѓа во болницата Гемели во Рим од 14 февруари поради тешка респираторна инфекција.
Д-р Серхио Алфиери, шефот на тимот што се грижи за папата, им рече на новинарите: „Утре Светиот Отец ќе биде отпуштен, што значи дека ќе се врати во Санта Марта [неговата резиденција во Ватикан]“. За време на неговата хоспитализација, неговите клинички состојби покажаа многу критични епизоди, при што Светиот Отец беше во опасност да го загуби животот“
Д-р Алфиери рече дека папата сега е во „стабилна клиничка состојба“, но тој ќе продолжи да зема лекови „долго време“.
„Многу е важно тој да следи период на закрепнување и одмор најмалку два месеци“, додаде тој.