Дрвена бандера за улично осветлување се запалила на улицата „Лавчански Пат“ во Битола. Според полицискиот билтен, пожарот настанал поради силниот ветер.
Случајот бил пријавен во СВР Битола на 23 ноември во 18 часот.
Пожарникари од Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснале пожарот. Повредени лица нема, а увид извршила екипа на СВР Битола.