Папата Франциско им честиташе на православните и католиците од источните цркви по повод претстојното Рождество Христово.
„Им упатувам срдечни честитки до заедниците на источните цркви, католички и православни, кои утре ќе го слават Рождеството Христово“, рече понтифот, обраќајќи им се на верниците од прозорецот на Апостолската палата по повод празникот Св. Богојавление, кој Римокатоличката црква го слави денеска.
Папата Франциско претходно денеска отслужи свечена литургија во катедралата Свети Петар по повод празникот Богојавление.
Еден од најголемите христијански празници Римокатоличката црква го слави на 25 декември според Грегоријанскиот календар. Руската, Ерусалимската, Грузиската, Српската и некои други православни цркви го слават Рождеството Христово на 7 јануари (25 декември според јулијанскиот календар).
До IV век овој празник христијаните го празнувале на 6 јануари, кога бил комбиниран со Богојавление. Во IV век, датумот на празнување е преместен на 25 декември, а по 1918 година, кога Русија премина од јулијанскиот на грегоријанскиот календар, Руската православна црква почна да го слави Божиќ на 7 јануари.