Свет

Париз воведува забрана за алкохол на јавни места поради екстремните горештини

Париз воведува забрана за алкохол на јавни места поради екстремните горештини

Поради екстремно високите температури, властите во Париз воведуваат привремена забрана за консумирање алкохол на јавни места.

Полицискиот префект на Париз, Патрис Фор, изјави за француската телевизија BFM TV дека забраната ќе стапи во сила од утре напладне, а одлуката ќе биде официјално објавена во текот на вечерта.

„Вечерва ќе донесам уредба со која од утре, од 12 часот, ќе се забрани консумирањето алкохол на јавни места“, изјави Фор.

Тој предупреди дека комбинацијата од алкохол и екстремно високи температури може да има сериозни последици по здравјето на граѓаните.

„Како што знаете, консумирањето алкохол додека сонцето силно пече може да има катастрофални последици“, нагласи полицискиот префект.

Мерката е дел од низата активности што француските власти ги преземаат поради топлотниот бран што ја зафати земјата, со цел да се намалат здравствените ризици и да се заштити населението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни