Македонија

Пасошот на Мијалков останува во суд, Кривичен не му го врати за да оди на операција

Кривичниот совет го одби барањето на Сашо Мијалков да го добие пасошот назад со цел да му биде укажана лекарска интервенција која не се изведува во Македонија.Од судот велат  и дека пред да одлучува, советот добил мислење и од СЈО, кое се противело на барањето.На Мијалков пасошот му е одземен во случајот „Титаник 2“, каде тој е првостепено осуден на три години затвор. Пресудата сѐ уште не е правосилна бидејќи се чека одлука на Апелација за жалбите.На ексшефот на УБК веќе еднаш му беше одбиено вакво барање. По вадењето на дополнителни медицински документи, тој поднесе ново, но и тоа сега е одбиено.Против решението на Кривичниот совет, адвокатите можат да поднесат жалба до Апелација во рок од 3 дена.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни