Полицијата во Хонг Конг соопшти дека привела патник кој бил на летот CX811 на „Катај Пацифик“ од Бостон кон Хонг Конг, откако авиокомпанијата информираше дека лицето среде лет се обидело да ја отвори вратата на авионот.
Авиокомпанијата наведе дека никој не бил повреден и дека авионот безбедно слетал во четврток рано наутро. Инцидентот сега го разгледува градската полиција.
Уапсен е
„Нашиот кабински екипаж веднаш реагираше на ситуацијата, ги провери вратите за да се увери дека се безбедно затворени и го пријави инцидентот до надлежните власти и полицијата“, соопшти „Катај“.
„Случајот е предаден на полицијата за понатамошна истрага. Во ‘Катај’ безбедноста на нашите патници и екипаж е основа на секоја одлука што ја носиме“, додаваат од компанијата.
Полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека 20-годишен маж од Кина бил уапсен рано вчера под сомнение за прекршување на Уредбата за безбедност во воздушниот сообраќај.
