Патот на Македонија кон ЕУ – Жбогар: Не гледам пречки за интеграција

Евро амбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар, верува дека Преспанскиот договор ќе се спроведе и во грчкиот парламент. Тој во интервјуто за Радио Слободна Европа изјави дека гледа голема посветеност од страна на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, за спроведување на Преспанскиот договор.

– Договорот од Преспа е вистинско достигнување. Беше тежок, болен процес, но нашите лидери во Европа, земјите-членки на Унијата го препознаа тоа. Тие го ценат договорот и тоа што тој значи за двете земји, за регионот. Тие ги пофалија лидерите на двете земји за овој договор и прилично сум сигурен дека ќе го имаат тоа предвид кога во јуни ќе решаваат за отворање на преговори. Како и да е, треба да се потсетиме дека кога лани зборувавме за преговори, министрите зборуваа за прашањето за името, неговото решавање, но и реформите кои треба да продолжат и да се продлабочат, пред да се отворат преговорите. – вели Жбогар.

Жбогар зборуваше и за потребата за одржување на парламентарните избори, заедно со претседателските. Тој рече дека има одредени реформи коишто треба да се имплементираат, затоа, според него, треба добро да се пресмета дали овие два процеса можат да се реализираат паралелно.

-Одлуката за парламентарни избори е суверена одлука на државата, на партиите, на пратениците во парламентот, тие се оние кои треба да одлучат и ние не треба да влијаеме на тоа. Во исто време треба да сме свесни дека има одредени реформи коишто треба да се имплементираат во следните месеци и тоа треба добро да се пресмета. Дали ќе има доволно време за двата процеса или како двата процеса ќе си влијаат меѓусебно – изјави Жбогар.

Во врска со Законот за употреба на јазиците, Жбогар рече дека Уставот и законите се многу јасни и дека Уставниот суд треба да оцени дали овој закон е донесен според сите прописи.

Репортер: Артан Нухиу

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното