Балкан

Патријархот Порфириj го доби највисокото признание на Македонската православна црква

Патријархот Порфириj го доби највисокото признание на Македонската православна црква

Архиепископот Охридски и Македонски Стефан на српскиот патријарх Порфириј му го врачи највисокото признание на Македонската православна црква (МПЦ), Орденот Свети Климент Охридски од прв ред, по литургијата во црквата Света Софија во Охрид, со која се одбележа прва годишнина од предавањето на документот за автокефалноста на МПЦ – Охридска Архиепископија.

„Нема повеќе цркви, туку само една света, соборна и апостолска православна црква. Се разбира, постојат организации и управи на епископии и митрополи на автокефални цркви, но секоја автокефална црква, потпирајќи се на Христос како поглавар, е во нераскинливо единство со сите други помесни цркви“, истакна патријархот Порфириј.

Оттука, Црквата е над сите поделби, над поставувањето на какви било граници, нагласи тој, соопшти Српската православна црква.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни