Македонија

Патријархот Порфириј во канонска посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Патријархот Порфириј во канонска посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

„Одговарајќи со радост на поканата на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, Неговата Светост Патријархот српски г. Порфириј со свештеничка придружба ќе престојува во канонска посета на Македонската православна црква – Охридската архиепископија на 23 и 24 мај 2022 година”, се наведува во соопштението на официјалниот сајт на Српската православна црква.

Неговата Светост Патријархот српски г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан на 24 мај 2022 година, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе служат света архиерејска литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, во сослужение на архиереји од двете сестрински цркви.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни