Македонија

Пазарџиите бараат целосно укинување на Законот за трговија на зелените пазари

Пазарџиите се закануваат со генерален штрајк во сите зелени пазари низ државата ако власта не ги одобри нивните барања за целосно укинување на Законот за трговија на зелените пазари. Тие не се задоволни со  едногодишното одложување на примената на Законот за трговија на зелените пазари, туку бараат негово целосно укинување

Одлуката да се одложи примената на законот за една година е донесена токму со таа цел, преку заеднички преговори во меѓувреме да се изготви подобрено решение на задоволство на сите засегнати страни – велат од Министерството за економија.

Од Владата информираат дека ги слушнале аргументите и барањата на пазарџиите на заедничката средба што ја остварија пред неколку дена и дека постигнале согласност да продолжат консултациите меѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни.

Тезгаџиите најмногу реагираат на фактот дека со новиот Закон се бара да плаќаат лиценци од 60 евра годишно, а за пензионерите беше забрането да закупуваат тезги на зелените пазари.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни