Живот

Пеле го продолжува лекувањето со хемотерапија

Легендата на бразилскиот фудбал, Пеле ќе го продолжи процесот на лекување со хемотерапија.

Тој во четвртокот беше отпуштен од болницата во Сао Паоло по отстранување на тумот од дебелото црево.

„Едисон Арантес до Насименто е отпуштен од болницата. Неговата здравствена состојба е стабилна и ќе прима хемотерапија по отстранувањето на туморот на 4 септември“, соопшти болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

Наодот од биопсијата на туморот се уште не е објавен, а Пеле се огласи преку своите социјални мрежи каде сподели фотографии со сопругата и лекарскиот тим.

„Среќен сум што си одам дома. Ви благодарам на сите, кои ми го разубавивте животот со вашите пораки“, напиша Пеле.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни