Претседателот на државата Стево Пендаровски упати телеграма со сочувство поради смртта на Илинка Митрева.
„Илинка Митрева даде свој автентичен печат на македонската внатрешна и надворешна политика, со што се вгради во современата македонска држава.
Како долгогодишен пратеник во Собранието, претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, шеф на македонската собраниска група за соработка со Европскиот Парламент и особено како министер за надворешни работи, Митрева даде голем придонес кон европските и евроатлантските интеграции на нашата држава.
Нема зборови што ќе ја надоместат големата загуба за семејството и пријателите. Верувам дека нејзиното дело ќе продолжи да живее во спомените на македонските граѓани“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.
