Македонија

Пендаровски: Односите меѓу двете земји се одлични; Вучиќ: Освен за Косово, за другото имаме исти ставови

„Со претседателот Вучиќ заклучивме дека односите меѓу двете земји се одлични и без спорни точки. Се заложивме различните гледишта во однос на дел од прашањата од нашата билатерална агенда да продолжиме да ги дискутираме како пријатели на конструктивен начин. Сметам дека наша должност како претседатели е да создаваме позитивна атмосфера и сите прашања да ги решаваме по пат на дијалог со максимално меѓусебно почитување и разбирање.“, рече Пендаровски на денешната заедничка прес-конференција со претеседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Српскиот претседател, пак, истакна дека двете земји имаат заеднички ставови, освен за едно прашање.

„Освен за прашањето околу Косово за кое имаме спротивставени ставови, за другото со Северна Македонија имаме исти ставови“, изјави Вучиќ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни