Македонија

Пендаровски упати сочувство за смртта на Кралицата Елизабета II

Пендаровски упати сочувство за смртта на Кралицата Елизабета II

Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил изрази најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II.

„Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации“, напиша Пендаровски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни