Македонија

Пензиите ќе се исплаќаат порано, еве кога вие сте на ред – Владата објави листа

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година. Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31.10.2022 година.
За клиентите кои не користат картички, се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии, во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа:
  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);
  • За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);
  • За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток).

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни