Македонија

Пепиќ: Не е точно дека го удирав Села (ВИДЕО)

На судењето на 27-ми април, денеска се гледаа снимки од нападот на Зијадин Села во Собранието. Обвинителството како еден од оние кои го удирале Села, го посочи Мунир Пепиќ.

Тој во изјава демантираше, изјавувајќи дека не го удира Села, туку дека на 27 април бил на задача и дека снимал се она што се случувало во Собранието.

„Воопшто не е точно дека го удирам Села. Убаво се гледа дека не го мавам, дека господинот Села е на метар и пол од мене“, рече Пепиќ.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни