ПЕШКИРИТЕ ВИ СЕ КАКО „ШМИРГЛА“ – еве каде цел живот грешите!

Нема поубаво чувство од бришење со мека и миризлива крпа.

Избор на погрешен детергент

Крпите се користат на најинтимните делови од телото и можат да ги задржат телесните мириси и бактериите. Затоа е важно детергентот со кој ја переме облеката да има ензими на листата на состојки – протеаза, амилаза, целулаза. Ензимите ги разградуваат маслата и дамките за полесно да се измијат во вода.

Користење на омекнувачи

Додавањето омекнувач во циклусот на плакнење ја задржува нечистотијата во влакната. Наместо омекнувач, користете една чаша бел оцет.

Секогаш се перат со ладна вода

Иако миењето со ладна вода е еколошки одговорно, добро е барем еднаш месечно, пешкирите да се мијат на повисока температура. Топлата вода помага да се разложат остатоците од нечистотија и детергент.

Сте заборавиле да ја исчистите машината за перење

Чистете ја машината за перење најмалку еднаш месечно бидејќи тоа ја намалува можноста да се акумулира нечистотија на крпите.

Не знаете како да сортирате облека

Ако ставите бел пешкир со сини фармерки, тие веројатно ќе впијат дел од оние бои кои се ослободуваат во водата.

Миење со тврда вода

Перењето крпи во вода со висока содржина на минерали (т.н. тврда вода) и користењето премногу детергент може да ја направи ткаенината валкана и вкочанета. Додадете регенератор за вода, намалете ја количината на детергент и додадете дестилиран бел оцет во циклусот на плакнење.

Премногу миење на телото, сапуни или други производи

Некои „природни“ сапуни реагираат со минералите во водата и оставаат остаток на ткаенината. За да ги отстраните дамките, направете мешавина од детергент во прав и вода, втријте ја во дамките и оставете ја да отстои околу 15 минути, па дури потоа ставете ја во машината.