Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Свет

Песков: Москва секогаш ги исполнува договорите, за разлика од Киев

Песков: Москва секогаш ги исполнува договорите, за разлика од Киев

Москва секогаш ги исполнува договорите, за разлика од Киев, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека треба да се види дали Украина ќе се откаже од договорите постигнати со Русија во Истанбул за предавање на телата на загинатите украински војници.

Песков го изјави ова како одговор на новинарско прашање дали Русија планира да се обрати до меѓународните организации за да го реши проблемот со предавањето на телата на паднатите војници.

Тој истакна дека Русија се придржува до договорот за размена на затвореници со Украина, кој беше постигнат во Истанбул, објави РИА Новости.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни