Балкан

Пет грчки острови се изложени на многу висок ризик од пожар

Пет грчки острови се изложени на многу висок ризик од пожар

Пет грчки острови се под „многу висок ризик“ од пожари, со ниво на опасност од 4, според прогнозите на Противпожарната служба и картата на Министерството за климатски промени и цивилна заштита на Грција, пишува веб-страницата KeepTalkingGreece.

Останатите острови низ целата земја се означени како „висок ризик“ и ниво на опасност 3.

Региони со ниво на опасност 4 ги вклучуваат островите Самос, Икарија, Хиос, Псара, Лезвос.

Региони со ниво на опасност 3 се Атика, Виотија, Евија, Коринт, Арголис, области во Фтиотис, области во Еврос и речиси сите острови во земјата.

Предвидувањата на метеоролозите за северните ветрови во август, познати како „мелтемија“, се покажаа точни и воздушните струи започнаа во вторник, 8 август. Ладните ветрови помагаат во ублажување на топлината, но го отежнуваат гаснењето на пожарот.

Сезоната на пожари во Грција завршува на крајот на октомври и апсолутно е забрането палење оган на отворено или вршење на било каква земјоделска или друга активност што може да предизвика искри.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни