Балкан

Пет лица загинати во страшна несреќа во Грција: Судар на патот кон Солун, камион го згмечил автомобилот

Пет лица загинати во страшна несреќа во Грција: Судар на патот кон Солун, камион го згмечил автомобилот

Пет лица загинаа во несреќа во Грција, кога се судриле автомобил и камион.

Несреќата се случила на патот Лерин-Солун, кога под се уште неразјаснети околности возило директно се судрило со камион, при што загинале сите пет патници во возилото.

Според извештаите, автомобилот прелетал под камионот, а од силината на ударот бил целосно згмечен.

Пожарникарите морале да ги извлечат телата од автомобилот, додека возачот на камионот е полесно повреден и се наоѓа во болница, надвор од животна опасност.

Според досегашните информации, сопатниците во возилото биле странци, но идентификацијата на нивните податоци се уште не е завршена. Се наведува дека автомобилот во кој се наоѓале бил со регистерски таблички од Албанија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни