Откако ќе дознаете дека сте бремени, ќе се соочите со многу сомнежи. Можеби не сте сигурни што е здраво за вас и вашето бебе.
Сè што ќе консумирате директно или индиректно стигнува до матката и преку плацентата влегува во крвотокот на детето. Освен цигарите и алкохолот, еве уште неколку работи што треба да ги избегнувате.
1. Кафе
Кафето не е целосно забрането да се пие за време на бременоста, но треба да се консумира умерено. Високиот внес на кофеин, особено во првиот триместар, ги зголемува шансите за спонтан абортус или мала тежина при раѓање.
Експертите препорачуваат ограничување на внесот на кофеин на 200 до 300 милиграми дневно, што значи една до две шолји кафе.
2. Строга диета
Урамнотежената исхрана е клучна за одржување на добро здравје за време на бременоста. Ова е фазата во која се зголемува потребата за калории и хранливи материи за да се задоволат потребите на мајката и на бебето што расте. Недостатокот на хранливи материи може да придонесе детето да страда од оштетување на нервната цевка, мала тежина при раѓање, спонтан абортус и предвремено породување.
3. Одење во сауна
Сауните имаат високи температури, што ја зголемува телесната температура на трудницата. Температурите над 38 степени во првиот триместар од бременоста може да предизвикаат вродени аномалии кај бебињата.
Затоа, подобро е да избегнувате да одите на места со високи температури, како што се сауни или топли кади. Треба да се избегнува и вежбање во слични услови.
4. Интензивно вежбање
Трудниците треба да внимаваат на физичката активност што ја вршат, избегнувајќи ги оние активности кои бараат многу енергија или нагли движења.
Спротивно на тоа, понежните вежби, како што се одење, пливање или пренатална јога, се исклучително корисни за здравјето на трудницата и спречуваат компликации, како што се прееклампсија и гестациски дијабетес.
5. Негрижa за вашето емоционално здравје
Бременоста е период во кој емоциите постојано се менуваат. Непријатност, неизвесност и страв од нова улога може да предизвикаат вознемиреност и стрес кај идната мајка.
Стресот го зголемува нивото на кортизол, што има директно влијание врз благосостојбата на фетусот и го зголемува ризикот од спонтан абортус.
