Свет

Петдневна жалост во Италија

Петдневна жалост во Италија

Италијанската влада прогласи петдневна национална жалост поради смртта на папата Франциско.

Деновите на жалост ќе траат до сабота, кога пред базиликата Свети Петар ќе се одржи погребот на починатиот поглавар на Католичката црква.

Молитвата бројаница ќе се одржи денеска на плоштадот Свети Петар во Ватикан во спомен на папата Фрањо, со почеток во 19 часот и 30 минути.

Уште една молитва ќе се одржи во 21 часот во базиликата Света Марија Велика во Рим, а ќе ја предводи кардиналот Пјетро Паролин, државниот секретар на Ватикан.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни