Македонија

Петков денеска домаќин на премиерите на Македонија, Црна Гора и Романија

Петков денеска домаќин на премиерите на Македонија, Црна Гора и Романија
На покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, денеска во Софија ќе се одржи состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа. На настанот ќе присуствуваат премиерите на Романија, Македонија и Црна Гора – Николае Чука, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ, соопшти службата за информирање на бугарската влада. Премиерите ќе разменат мислења за последиците од конфликтот во сферите  на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок. Во центарот на дискусиите ќе бидат дискусиите за регионот од војната во Украина. Петков, Ковачевски, Чука и Кривокапиќ ќе разговараат за импликациите врз безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок. Во овој контекст, акцент ќе биде ставен и на зајакнување на координацијата и соработката во Југоисточна Европа за справување со заедничките предизвици. По завршувањето на работната сесија, учесниците на состанокот треба да имаат брифинг со медиумите.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни