Македонија

Петков: Должни сме да ја вратиме климата на разбирање со Република Македонија

Премиерот Кирил Петков излезе со соопштение по повод 30-годишнината од признавањето на независноста на тогашната Република Македонија. 

Истата е објавена на Фејсбук страницата на Советот на министри.

„На 15 јануари 1992 година, владата на Филип Димитров прва го заштити правото на нашите македонски пријатели да имаат своја држава. Така, Бугарија покажа дека сака да има вистински односи на добра волја и дијалог меѓу нашите две земји“, додаде тој.

Петков додаде дека „ние сме должни да ја вратиме климата на разбирање меѓу нас. Затоа што заедно можеме да направиме повеќе“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни