„Историската комисија е единствена таа која може да даде на двете Влади извештај за тоа за кои личности од историјата е постигнат договор или кои од историските факти може да се заеднички. Јас очекувам во брзо време да излезе комисијата и да каже. Колку што сум информиран напредокот го огромен, но не ги знам последните информации за тоа за што се согласиле. Се радувам оти од двете страни има дух за заедничка работа и така се постигаат успеси“, рече премиерот на Бугарија Кирил Петков при денешната посета на Благоевград.
Претходно Петков во Софија се сретна и со Оливер Вархеј за кој рече дека е разговарано околку тоа Европската Унија да биде гаранција дека Северна Македонија сега или за време на првото поглавје ќе ги внесе Бугарите во Уставот.
Во однос на пописот, Петков рече дека моментално во РСМ ги нема Бугарите како опција оти не се дел од Уставот, а тоа ќе се промени откако тие ќе бидат внесени. Претседателот на Бугарија Румен Радев по средбата со Вархеј рече дека Бугарија очекува бројните ветувања од РСМ да се претворат во резултати.