Mинистерката за одбрана Славјанка Петровска во изјава за 24 инфо за последните случувања околу споменикот во месноста Карпалак и ставот на градоначалникот на општина Желино, истакна дека тој треба да се однесува зрело.
„Кога јазикот е побрз од мислата може да заглавите. Градоначалникот на Желино треба да се однесува зрело и чекам одговор на иницијативата.
Избран е да работи и нека сработи нешто добро за општината и граѓаните, нека не се расправа по медиуми. Жителите на општина Желино од него чекаат водовод, канализација и асфалт. Или и за тоа не е надлежен? Да, како што ветив, споменик ќе има!”, изјави Петровска.