Македонија

Петровска од АП Криволак: Инвестирањето во Вас е инвестирање во нашата иднина

Петровска од АП Криволак: Инвестирањето во Вас е инвестирање во нашата иднина

Со показна вежба, во која беа вклучени сите реализирани вежбовни активности во изминатите две недели, денеска на армискиот полигон Криволак свечено е затворен меѓународниот академски и одбранбено – безбедносен проект „Летен кампус 2022“.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, која заедно со високи претставници од Генералштабот и од Министерството за одбрана присуствуваше на затворањето на кампусот, организиран од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, нагласи дека сите ученици покажале огромна посветеност кој она што го рабботат.

– Ова значи дека инвестирањето во Вас е инвестирање во нашата иднина, им се обрати, министерката на учесниците на летниот кампус на армискиот полигон Криволак.

На летнуот кампус учествуваа 90 студенти и питомци од 16 сојузнички и партнерски земји. Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Хрватска, Италија, Косово, Латвија, Црна Гора, Норвешка, Полска, Романија Соединетите Американски Држави, Унгарија и од Република Македонија. Сите тие, како што беше посочено, имаа можност да учествуваат и да дадат активен придонес во реализација на симулирани мултинационални операции, во поддршка на мирот во фаза на стабилизација, реконструкција и градење мир.

Дел од учесниците на кампусот, рекоа за МИА, дека изминатите две седмици работеле тимски, размениле искуства и стекнале нови пријателства. Заедно одговарале на сите предизвици и создавале пријателски врски кои траат. Истовремено, ја запознале локалната култура и дале придонес во локалната заедница. Тие нагласија дека деновите поминати овде, ќе им останат во убаво сеќавање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни