Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во гостување во летното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 прашана за реакциите од Русија за донациите на Македонија кон Украина вели дека единствена грешна одлука е Русија да врши агресија.
„Од почетокот на руската агресија врз Украина до денеска единствена погрешна одлука која е донесена е таа на руската страна да изврши воена агресија врз Украина. Нема оправдување за тоа што се случува во Украина, затоа што Украина е нападната, загрозен е нејзиниот суверенитет и интегритет“, вели министерката Петровска.
Според неа најлошото во оваа војна е гинењето на невини граѓани.
Петровска смета дека сите земји членки на НАТО, но и другите треба да и помогнат на Украина да се одбрани.
