Пијан заспал пред вратата на сосетката, таа морала да го прескокне – доби казна од 1000 евра

Според пресудата донесена деновиве, 50-годишен маж околу 20 часот и 30 минути под видливо дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир во ходникот од станбената зграда каде што живее на улицата „Станка Вража“ во Карловац.

Според информациите, тој лежел во ходникот од зградата пред врата од станот во сопственост на жена која мораше да го прескокне за да влезе во нејзиниот стан.

„После тоа, пријавениот неразбирливо викал и ги пцуел останатите станари, а во таа прилика вознемирил тројца станари од споменатата станбена зграда. Со тоа сторил прекршок од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“, изјави судијата.

Нено е осуден на парична казна од 1.000 евра и мора да плати 20 евра за судски трошоци. Инаку, за тој прекршок е предвидена казна и до 2.000 евра, па може да се каже дека сепак се извлече. Казната е висока затоа што годинава се смени законот за прекршоци. Пресудата е правосилна и Нено може да се жали на истата.