5-годишно момче преживеало откако во Австралија било каснато и турнато во базен од питон од 3 метри , јавува Би-би-си.
Детето си играло на работ од базен во крајбрежниот град Бајрон Беј, кога змијата излегла од блиската вегетација, а потоа го нападнала момчето. Питонот го каснал малиот Боу, а потоа го одвлекол во базенот каде што го обвил околу неговата нога. Откако паднало во базенот, детето го извлекол неговиот 76-годишен дедо.
„Мислам дека питонот чекаше плен – птица или нешто слично, што се покажа дека е Боу. Се извлече само со полесни повреди. Откако ја исчистивме крвта на Боу, му рековме дека нема да умре бидејќи змијата не е отровен“, рекол таткото.
„Ова е Австралија , змиите се дел од пејзажот“, додаде таткото.
Тој нагласи дека змијата е пуштена.