Платежни картички за над 324 илјади граѓани, проверете дали сте добиле парична помош од државата

Владата ја претстави интернет страницата на која може да се провери дали сте добитник на платежна картичка од 9,6 и 3 илјади денари за купување домашни производи.

Меѓутоа веб страната тешко се отвораше или пак многу бавно.

Граѓаните за да видат дали се на листата корисници на оваа мерка треба само да го внесат нивниот матичен број. Ангеловска рече дека тимот ќе работи на проблемот со цел граѓаните да немаат такви тешкотии.

Банките ќе ги делаат платежните картички или ќе ги информираат граѓаните да ги подигнат картичките од нивните експозитури. Платежните картички ќе можат да ги користат 324.479 граѓани, а оваа мерка државата ја чинела 28 милиони евра. Картичките граѓаните ќе можат да ги користат до 15 август.

Во меѓувреме, за вработените во бизнис секторот, Владата уште еден месец обезбеди минимална палта од 14 500 денари. Услов за аплицирањето на компаниите за оваа државна помош, е тие да имаат 30% пониски приходи во текот на кризата, за разлика од истиот период минатата година.

Од ВМРО-ДПМНЕ мерката ја оценија како манипулација и чист поткуп за купување гласови пред изборите.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното