Балкан

Пленковиќ: Пожарот во Осиек е без преседан, следете ги известувањата и предупредувањата

Пленковиќ: Пожарот во Осиек е без преседан, следете ги известувањата и предупредувањата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека големиот пластичен пожар во компанијата „Драва интернешнл“ во Осиек е „без преседан“ и дека е тешко да се изгаси, а на граѓаните им порача да ги следат известувањата и предупредувањата што ќе ги објави надлежните служби и најавија истрага за причините за пожарот при гаснење при што беа повредени тројца пожарникари.

Утринава неколку пати разговарав и со градоначалникот и со префектот, во контакт сме. Ова е навистина невиден пожар во Осиек во близина на фабрика во која има многу запален пластичен отпад и многу е тешко да се изгасне, рече Пленковиќ на почетокот на седницата на Владата.

Тој им порача на граѓаните да ги следат информациите, известувањата и предупредувањата на надлежните служби, метеоролозите и Институтот за јавно здравје, пренесе агенцијата Хина.

Пленковиќ изрази уверување дека пожарот ќе биде изгаснат што е можно поскоро.

Голем пожар избувна по полноќ меѓу вторник и среда на депонијата на складирана пластика кај компанијата „Драва интернационал“, на излезот од Осиек кон Бријесто, а причината засега е непозната.

Тројца пожарникари се повредени при гаснење на пожарот, од кои еден потешко, соопшти денеска Хрватското противпожарно друштво.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни