Плус 8 илјади километри – подокеанскиот кабел ќе биде продолжен

Гигантот Фејсбук и неколку телекомуникациски компании финансираат заеднички проект кој е замислен како „најдолгиот подокеански кабел во светот“.

Станува збор за „2Африка“ или кабел долг 37.000 километри кој ги поврзува Европа, Африка и Азија, а сега Фејсбук со конзорциумот сакаат да го продолжат кабелот со нови делови до Сејшелите, Коморските Острови, Ангола и југоисточна Нигерија.

Овој нов сегмент би резултитал со вкупна должина од дури 45.000 километри, а целта на истиот е овозможување на полесен пристап до интернет за лицата во Африка.

Кевил Салвадори, потпретседател на Фејсбук, вели дека оваа нова структура ќе опслужува повеќе луѓе отколку што првично било замислено.