Македонија

По 11 часа локализиран пожарот кај Черкези – „Пожарот активен пожарникарите прават муабет“

Пожарот не е активен, а пожарникарите прават муабет – изјави жител од село Черкези во видеото испратено до редакцијата на ТВ21. Пожарот избувна вчера околу 17 часот во близина на железницата во село Черкези – Куманово. Тој вели дека пожарникарите наместо да го гаснат пожарот, пиеле пијалаци и разговарале. А, пожарот се доближил до деловните објекти кои ги поседува.

Од Противпожарната единица Куманово, велат дека нивната екипа ја вршела работата на професионален начин. Тие вчера од 17 часот до 4 наутро работеле за локализирање на пожарот.

11 часа Противпожарната единица Куманово интервенирала за локализирање на пожарот. А и денеска жителите забележале чад и лоша миризба. Инаку сообраќајот на делницата Куманово – Табановце е во застој.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни